Историјата на рубиковата коцка

Рубиковата коцка се смета за една од најпопуларните загатки во целиот свет. Оваа генијална загатка е направена од унгарскиот архитект Ерно Рубик во 1974 година. На прв поглед, коцката личи лесно решлива. Ова ја поттикнува зависноста и желбата да ја решиш оваа занимлива коцка. Но, како оваа релативно проста коцка станала една од најпрепознатлививте загатки на сите времиња?

Настанокот на рубиковата коцка

Ерно Рубик бил професор на Универзитетот за уметност и дизајн Мохоли-Наги во Будимпешта. Тој на своите студенти сакал да им демонстрира механизам што овозможува движење на одредени делови без целиот механизам да се распадне. Така е создадена рубиковата коцка. Првата коцка била направена од дрво и на Ерно му било потребен цел месец за да ја реши. Коцката за прв пат се нашла во продавниците на Будимпешта во 1977 година, под името “Магична коцка”. Од 1980 година коцката почнала да се продава ширум светот под името “Рубикова коцка”. Коцката брзо растела во популарност како и бројот на заљубеници во истата.

Почетокот на speedcubing

Повеќето луѓе брзо се откажувале од решавање на коцката, но оние кои не се предале направиле различни методи за решавање на коцката. Овие методи се базираат на низи од потези наречени алгоритми. Во 2003 година се одржал првиот натпревар за рубикови коцка во Торонто, Канада каде учествувале 83 натпреварувачи. Овој натпревар го потикнал создавањето на Светската асоцијација за коцки (World Cube Association – WCA). Популарноста на рубиковата коцка се зголемувала, како и бројот на натпревари. Сите резултати на натпреварувачите биле објавени на веб страната на WCA. Вака се создал спортот наречен speedcubing, а натпреварувачите кои се занимаваат со овој спорт се speedcubers, или cubers на кратко. Постојат и различни варијации на рубиковата коцка, како 2×2, 4×4, пирамидата и други.

Иновации во механизмот на рубиковата коцка

Светскиот рекорд за најбрзо време за решавање на рубиковата коцка се почесто се прекршувал и потребен бил подобар механизам. Компаниите како Дајан, Чији, Ган, Моју и други почнале да произведуваат коцки кои побрзо и полсено се вртеле, овозможувајќи рекордното време уште повеќе да се намали. Голема иновација била додавањето на магнети во деловите на коцката. Како резултат, коцките биле многу по стабилни. Првите магнетни коцки биле направени од страна на самите корисници, но брзо потоа и големите компании почнале да произведуваат магнетни коцки. Следниот голем чекор во механизмот бил направен во 2021 година. Компанијата Моју ги заменила пружините кои ја држеле коцката заедно со два магнети кои се одбивале еден од друг. Овој систем се нарекува maglev (magnetic levitation) и главно се користи во најбрзите електрични возови. Maglev овозможува коцката да се врти побрзо бидејќи создава помалку триење, за разлика од пружините. Напредокот на рубиковата коцка не сопира и секој ден има нови изуми што помагаат рекордните времиња да се намалуваат, но и коцката да стане пораспространета и популарна и за оние кои не се занимаваат со брзо решавање.

Интересни факти за рубиковата коцка

– Рекордот за најбрзо време на решавање на рубиковата коцка го има Макс Парк кој ја решил коцката во 3.13 секунди!

– Рекордот за коцка со најмногу редови е 49x49x49. Има маса од 30 килограми, должина од 34 цантиметри и вкупно има 13 827 делчиња!

– Најскапата коцка е “The Masterpiece Cube”. Бојата на секоја страна е составена од сложено поставени скапоцени камења. Зелената се состои од смарагди, црвената се состои од рубини итн. Ова ја прави коцката ремек-дело вредна неверојатни 1,5 милиони американски долари!

– Една обична 3x3x3 рубикова коцка има повеќе од 43 квинтилиони начини да се измеша, од кои само во еден случај коцката е решена!

– “Божји број” е најмалиот број потези потребен да се реши рубиковата коцка, без разлика како е измешана. По многу истражувања и пресметки, заклучено е дека божјиот број е само 20 потези!


Давид Арнаудов