Какво значење има спортот за младите денес
Во свет кој брзо се менува, спортот е важна основа за младите.Тој не е само средство за физичка активност, туку и простор за личен развој, социјализација и учење на животни лекции. Преку спортот, учиме за дисциплината, тимската работа и како да се соочиме со предизвици.
Многумина од нас ја гледаат спортската активност како бегство од стресот на секојдневието, додека за други тоа е средина каде што можат да се докажат и да изградат самодоверба. Во време на дигитализација, спортот станува спротивставување на пасивниот начин на живот, нудејќи можност за физичка активност која е клучна за здрав развој.
Покрај личните придобивки, спортот игра и значајна улога во градењето на заедници. Тимовите и спортските клубови претставуваат места каде што младите можат да најдат пријатели со слични интереси и да изградат вредности како почит и фер-плеј.
На капитенот на јуниорските категории на кошаркарскиот клуб Вардар, Бојана Николиќ, ѝ го поставивме истово прашање: „Кошарката ме научи дека секоја победа или пораз носи лекции. Ме научи и задисциплина, тимска работа и самодоверба. Но, како и во секој спорт, младите недобиваат шанса да се докажат, бидејќи се смета дека им недостасува искуство.
Оваа недоверба создава несигурност и ги одвраќа од спортот. Важно е младите да добијат поддршка и можност, бидејќи само така можат да го покажат својот потенцијал.“
На крајот, спортот не е само натпревар, туку начин на живот кој ги обликува младите како личности. Тој има способност да ги инспирира и мотивира, помагајќи им да станат најдобрите верзии од себе.
Автор: Ангела Тасовски