Значење на музиката
Музиката е неизбежлив и универзален дел од животот и не поминува ден без да слушнеме музика.
Таа е универзален јазик кој ги поврзува сите луѓе без разлика на потекло, националност и сл. Музиката е начин да си си ги изразиме чувствата и мислите медиум за експресија. Таа е начин да се одмориме, смириме или концентрираме и често ја поврзуваме со разни делови од нашиот живот.
Во последните години се повеќе се истражува влијанието на музиката врз здравјето. Овие истражувања покажуваат дека музиката го зголемува крвотекот кон мозокот и дека помага со анксиозноста, го подобрува расположението, меморијата, квалитетот на спиење и многу други работи.
Музиката е добра и позитивна „алатка“ која има примена во секој дел од животот, впрочем, затоа и таа е насекаде…
Автор: Андреј Каранфилоски