Како загадениот воздух влијае врз физичкото и менталното здравје на младите?

Загадувањето на воздухот е една од најголемите грижи во светот која не го добива потребното внимание. Поради тоа што на нашето тело му е потребен кислород кога вдишуваме загаден воздух доаѓа до намалувањето на кислородот во телото и зголемувањето на штетните честички кои потоа се разнесуваат низ нашето тело и од таму настануваат сите проблеми. Статистички околу 7 милиони луѓе годишно умираат поради компликации предизвикани од загадениот воздух.

Кои болести може да ги добиеме од загадениот воздух?

Како што знаеме загадениот воздух има најголемо влијание врз белите дробови со што доаѓа до зголемен ризик за добивање на астма и други белодробни заболувања. Најризични болести предизвикани од загадувањето на воздухот се срцев удар и рак на белите дробови.

Како загадениот воздух влијае врз менталното здравје?

При повеќе од 100 истражувања за тоа како загадениот воздух влијае врз нашиот мозок, во дури 73% од нив имало покачување на депресијата и анкциозноста исто како и ризикот за добивање на истите кај луѓето кои биле изложени на загаден воздух. Други истражувања пак покажале дека луѓето кои подолго време се изложени на загаден воздух имаат поГолеми шанси за довивање деменција. Научниците исто така забележале разлики на структурата на мозокот особено во делот кои ги регулира емоциите и стресот. Загадениот воздух исто така може да доведе до проблеми со вниманието, биполарно растројство, шизофренија и многу други ментални заболувања.

Како да се заштитиме од загадениот воздух?

Неколку работи кои ќе не заштитат од ефектите на загадениот воздух или барем ќе ни помогнат да се намали истиот се :

носењето на маска или марама

по можност намалување намалување на користењето на превозни сретства или користење на јавен превоз,велосипеди или електрични возила

рециклирање на отпадот со цел да се намали неговото согорување.

Автор: Ивона Давкова